СЈО отвори седум нови истраги против 17 лица
![СЈО отвори седум нови истраги против 17 лица](https://gdb.rferl.org/890B405C-7801-42AF-A4FA-8F9D49B995EC_cx10_cy0_cw81_w800_h450.jpg)
Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска на прес-конференција соопшти дека отворило седум нови истраги против 17 лица осомничени за злоупотреба на службена положба, измама во службите и други кривични дела. Истрагите се со кодни имиња „Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа“ и „Транспортер 2.“