Единаесет лица приведени во Словенија и Хрватска за лажирање натпревари
Словенечката и хрватската полиција разбија меѓународен криминален синдикат вклучен во корупција во спортот, илегални обложувања и местење фудбалските натпревари во неколку земји, меѓу кои Србија, Македонија и Чешка, објави европската полиција Еуропол. „Мрежата создаде нелегална веб-платформа со цел пренесување големи облози на големите азиски букмејкери“, соопшти Еуропол наведувајќи дека истрагата започнала во март годинава. Лицата се осомничени дека се вмешани во обиди за лажирање професионални фудбалски натпревари во Србија, Македонија и Чешка. Организираната криминална група се обложувала првенствено на азискиот пазар, каде што им се гарантирани значителни финансиски придобивки со тоа што се знае крајниот резултат од натпреварите. Европската полиција соопшти дека илегалната платформа за обложување била дизајнирана на таков начин за да обезбеди целосна анонимност на финансиските трансакции.