ЕК не враќа визи за земјите од Западен Балкан
Европската комисија денеска соопшти за континуирано спроведување на показателите за елиминацијата на визниот режим од земјите од Западен Балкан, Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора и Србија и земјите од Источното партнерство, Молдавија, Грузија и Украина .
Извештајот покажува дека барањата се исполнуваат, но во некои области се потребни дејствија за да се задржи трајно исполнување.
Еврокомесарот за миграцијата, внатрешни работи и државјанството Димитрис Аврамопулос изјави: „Цврсто сме решени да го сочуваме безвизниот режим за граѓаните на Западен Балкан и земјите од Источното партнерство и работиме заедно со нивните влади, за да се постигне оваа цел. Тоа е поврзано со одговорности за граѓаните и за властите.
Очекуваме сите држави да вложат повеќе напори за справување со илегалната миграција и особено за борба против организираниот криминал и корупцијата, дополни Аврамополус.