Еден милион случаи на колера во Јемен
![Еден милион случаи на колера во Јемен](https://gdb.rferl.org/FBE183D7-8644-4C8C-9B8E-FC4389986AC7_cx0_cy1_cw0_w800_h450.jpg)
Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека бројот на сомнителни случаи на колера во Јемен достигнал еден милион лица, соопшти денеска организацијата.
Оттаму наведуваат дека ваквата појава ги „засилува страдањата во земјата која е зафатена од брутална војна“, додавајќи дека повеќе од 80 отсто од населението во земјата се соочува со недостаток на храна, гориво, чиста вода и пристап до здравствена заштита.
Проценките се дека повеќе од 2.200 луѓе се починати од болеста од април оваа година. Колерата е дијареална инфекција предизвикана од храна или вода контаминирана од бактеријата Вибрио колера.