Гутереш го продолжи мандатот на Специјалниот суд за Либан
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го продолжи за три години мандатот на Специјалниот трибунал за Либан , кој ги суди осомничените за убиството на премиерот Рафик Харири од 2005 година. Портпаролот на ОН најави продолжување на мандатот кој истекува на први март следната година, изјавувајќи дека се суди во отсуство на четворица обвинети за експлозијата на бомба од која загинаа премиерот и уште 22 лица. Тој објасни дека Трибуналот е надлежен за нападите во Либан од 1.октомври 2004 до 12 декември 2005 , поврзани со нападот на Харири и други слични злодела. Гутереш ја потврди посветеноста на ОН во борбата на Трибуналот против неказнување и изведување пред лицето на правдата на одговорните за големи злосторства.