Шпанскиот крал бара воздржаност од каталонските политичари
![Шпанскиот крал бара воздржаност од каталонските политичари](https://gdb.rferl.org/36470B75-BADE-48E6-A358-E5F0521FBABF_w800_h450.jpg)
Шпанскиот крал Фелипе Шестти ги повика победниците на регионалните избори во Каталонија да избегнат нов судир по обидот за прогласување независност на таа област. Во божиќната честитка тој го предупреди новиот каталонски парламент дека треба да се соочи со проблемите на сите Каталонци, со почитување на плурализмот. Кралот Фелипе оцени дека патот на поделбите ќе доведе до морално, граѓанско и економско осиромашување на целото општество. Партиите кои се залагаат за незвисност на Каталонија освоија 45 насто од гласовите на предвремените избори одржани на 21 декември.