Средба на Иванов со новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски
Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими новоизбраниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и му го честиташе изборот посакувајќи му успех во вршењето на функцијата, соопшти неговиот кабинет.
Оттаму наведуваат дека Иванов изразил очекување дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија активно да дава придонес во остварувањето на стратешките цели на државата, како и во зачувувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојноста на Македонија.