Тачи: Специјалниот суд е историска неправда спрема Косово
![Тачи: Специјалниот суд е историска неправда спрема Косово](https://gdb.rferl.org/652D014A-1462-4FE4-9EE8-8B75AA949894_w800_h450.jpg)
Претседателот на Косово Хашим Тачи синоќа оцени дека формирањето Специјален суд за претпоставени злосторства на поранешни бивши високи офицери на Ослободителната војска на Косово е историска неправда спрема Косово и ОВК. Тој во интервју за телевизијата Клан Косова додаде дека не смета оти погрешил кога пред година ипол прифатил формирање на судот, бидејќи тоа го сторил под принуда на меѓународната заедница која се заканила дека ќе преземе драстични мерки против Косово.