Блиска средба меѓу британски и руски воени бродови
![Блиска средба меѓу британски и руски воени бродови](https://gdb.rferl.org/56B63913-9014-48B3-BB81-DF5D6711B466_cx34_cy16_cw66_w800_h450.jpg)
Британската морнарица соопшти дека следела руски воен брод во близина на британските територијални води во Северно море. Соопштено е дека станува збор за рускиот брод „Адмирал Горшков“. Русија досега не го коментирала настанот. Официјален Лондон неодамна оцени дека е зголемен бројот на руски бродови кои транзитираат низ британските води. Британскиот секретар за одбрана Гевин Вилијамсон по вчерашниот инцидент изјави дека Британија нема да толерира никаква форма на агресија.