Груевски: Судиите имаат двојни аршини
![Груевски: Судиите имаат двојни аршини](https://gdb.rferl.org/A7536C24-5EC5-44A2-92A6-2EA2A951AD2E_w800_h450.jpg)
Поранешниот премиер Никола Груевски денеска пред Кривичниот суд изјави дека судиите различно постапуваат во случаите што се водат против него и против премиерот Зоран Заев.
„Денешното рочиште се одложи и како што може да се види во случајот на Заев судиите му се извинуваат што го малтретираат да дојде на рочиште и ги закажуваат рочиштата на многу долги периоди, во овој случај имаме различна ситуација“, вели Груевски.
Тој изјави дека прво биле измислени причини за истраги, а потоа и обвиненија без било каква основа.
„Потоа, кога видоа дека нема никакви докази, а имаат обвиненија, почнаа да вршат притисоци врз судии. На некој начин давањето на 15 судии на Совет за факти за разрешување требаше да внесе страв кај судиите и веројатно внесе кај некои од нив, рече Груевски.