Русија воспоставува постојано присуство во базите во Сирија
![Русија воспоставува постојано присуство во базите во Сирија](https://gdb.rferl.org/3E6F37ED-EAE8-4A6F-AF96-9A5990047A1E_w800_h450.jpg)
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Русија започнала да воспоставува постојано присуство на сили на нејзините две воени бази во Сирија: руската поморска база во Тартус и во воздушната база во Латакија.
Шојгу денеска рече дека рускиот претседател Владимир Путин минатата недела „ја одобрил структурата и персоналот“ и оти Русија започнала да формира постојана група на сили.
Во меѓувреме, рускиот Совет на федерацијата денеска го одобри законот меѓу Москва и Владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад за руските сили во поморската база во Тартус. Договорот беше потпишан во Дамаск на 18 јануари.