Влада: Иванов упати пораки за понатамошни поделби
Претседателот на државата Ѓорге Иванов наместо да постапи државнички денеска кон граѓаните упати пораки кои повикуваат на натамошни поделби и кои дополнително се спротивставуваат на концептите на градење на едно заедничко општество, соопшти Владата во реакција на годишното обраќање на Иванов во Собранието.
Од Владата наведуваат дека претседателот наместо општество за заедништво и обединување во еден историски момент за земјата, се обидел да го доведе во прашање дигнитетот на институциите на системот со тоа што владеењето на правото и принципот за одговорност на сите пред правдата го изедначил со реваншизам.
„Владата на Република Македонија, доследна на јасниот повик за отворена соработка, во период кога сите политички субјекти и секој политички лидер се повикани да го препознаат моментот што ќе ја одвои нашата земја од изолацијата, ќе продолжи уште посилно да дејствува за стратешки интереси на државата – просперитетна земја за граѓаните и земја членка на ЕУ и НАТО.“