Судот го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“
![Судот го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“](https://gdb.rferl.org/B1BA5DB4-8174-4895-BF41-3C61B75331B4_w800_h450.jpg)
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“ кој се однесува на изведување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, во кој првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска.
Од судот наведуваат дека оформениот предмет по одобрениот обвинителен акт согласно системот АКМИС ќе биде распореден електронски за понатамошно постапување.