Лавров и Тилерсон разговарале за Северна Кореја и Сирија
![Лавров и Тилерсон разговарале за Северна Кореја и Сирија](https://gdb.rferl.org/08544A2D-ACDD-4B81-A282-4D58CAE772FC_w800_h450.jpg)
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров телефонски разговарал со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за натамошните чекори за завршување на војната во Сирија, но и за ситуацијата на Корејскиот полуостров, пренесуваат руските медиуми. Во врска со Сирија била нагласена потребата за поттикнување на непосредни преговори меѓу сириската влада и опозицијата, без никакви предуслови. Министерот Лавров, како што е соопштено, исто така ја потенцирал потребата од покренување преговори со Северна Кореја.