Грција ја осудува лицемерноста на Европа спрема децата мигранти
Грчкиот министер за миграциска политика Јанис Музалас ја осуди, како што изјави, „лицемерноста на Европа“ која одбива да го подели товарот за грижата на стотици малолетни деца во логорот за бегалци „Морија“ на грчкиот остров Лезбос, на Егејско море. „Имаме проблем со малолетните бегалци без придружба. Бараме Европа да преземе некои од нив, но таа не го сака тоа“, изјави Музалас за грчката новинска агенција Ана. Во „Морија“, најголемиот од петте логори за мигранти на островите на Егејско море има над 5 илјади луѓе. Капацитетот на логорот е 2.300 луѓе.