Проруските сепаратисти се подготвуваат за размена на затвореници
Сепаратистите поддржани од Русија во источна Украина ги испратија заробените украински војници на местото на планираната размена на затвореници со Киев. Сепаратистите треба да ги предадат заробените украински војници денеска во еден часот попладне во близина на Хорливка, во првите редови на конфликтната зона во регионот Доњецк во источна Украина.
Оттаму ослободените војници со хеликоптер ќе бидат пренесени во во главиот регионален град Харков контролиран од владата. Украинските владини сили во вечерните часови требаше да ги предадат затворениците на сепаратистите.
Украинските власти и сепаратистите на 25 декември потврдија дека е постигнат договор за размена. Според договорот, како што соопштија украински власти и претставници на сепаратистите, треба да бидат ослободени 74 Украинци од страна на сепаратистите во замена за 306 луѓе.