Шест египетски војници загинаа на Синај
![Шест египетски војници загинаа на Синај](https://gdb.rferl.org/3B3F3D98-1A98-4328-AFE1-9F478603F263_cx0_cy2_cw0_w800_h450.jpg)
Шест египетски војници загинаа во експлозија на мина за време на операцијата против терористите на северот на Синај. Египет е цел на исламските екстремисти од соборувањето на претседателот Мухамед Мурси од Муслиманското братство во 2013 година. Во досегашните напади загинаа стотици полицајци и војници. Во најсмртоносниот напад во поновата историја на Египет кон крајот на минатиот месец триесетина напаѓачи под знамето на Исламската држава убија над 300 луѓе во една џамија, исто така на северот на Синај.