Трамп: Кина е фатена како и дава нафта на Северна Кореја
![Трамп: Кина е фатена како и дава нафта на Северна Кореја](https://gdb.rferl.org/0A27D64C-5BBE-4855-9386-69EA8649798C_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Кина откако беше објавено дека нафта од кинески бродови незаконски била префрлана на севернокорејски бродови. Трамп на Твитер наведе дека „Кина е фатена на дело“ и оти тој е „многу разочаран што Кина дозволува да стигне нафта во Северна Кореја“. Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека Пекинг ги применува санкциите на Обединетите нации и оти нема информации за такво префрлање на нафта.