Турската полиција уапси 29 осомничени припадници на ИД
![Турската полиција уапси 29 осомничени припадници на ИД](https://gdb.rferl.org/4BF03C72-02B1-4E02-9A0C-578C53978DCA_w800_h450.jpg)
Турската полиција соопшти дека денеска уапсила 29 осомничени припадници на групата на Исламската држава (ИД) во Анкара, вклучително осомничени кои наводно подготвувале напади за време на новогодишните прослави. Турската државна агенција Анадолија наведува дека околу 500 полициски службеници учествувале во денешните рации за апсење на осомничените.
Во извештаите се вели дека многумина од уапсените се државјани на странски земји. Апсењата доаѓаат еден ден по спроведувањето слични операции во земјата, кога турската полиција уапси околу 120 осомничени припадници на ИД.
Минатата година за време на новогодишната прослава маж со пушка уби 39 луѓе во ноќен клуб во Истанбул. ИД презеде одговорност за нападот, а судењето на другите наводно вклучени во нападот почнаа на почетокот на овој месец.