Турција потпиша договор со Русија за набавка на ракетниот систем С-400
![Турција потпиша договор со Русија за набавка на ракетниот систем С-400](https://gdb.rferl.org/774526A7-4D19-42EC-956A-2B9640311926_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Турција и Русија потпишаа договор за набавка на ракетни системи за воздушна одбрана C-400, објавуваат турските медиуми. Според извештаите договорот е во вредност од 2,5 милијарди евра кој го потврдил и директорот на компанијата „Ростек“ Сергеј Чемезов.
Чемезов изјави дека Турција е првата членка на НАТО која купила систем С-400, најавувајќи дека испораката ќе почне во март 2020 година. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во септември оваа година изјави дека е потпишан договорот со Русија за купување на системот и оти веќе го уплатиле авансот.