Судењето за случајот "Тенк" во јануари, за "Трезор" во февруари
Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека се одредени термини за почеток на главната расправа за предметите „Тенк“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во соопштението објавено на интернет страницата на судот се наведува дека рочиштето за „Тенк“ ќе се одржи на 30 јануари 2018 година, а за „Трезор“ на 5 февруари 2018 година.
Предметот „Тенк“ се однесува за набавката на Мерцедесот, а „Трезор“ е за набавка на опрема за потребите на Петтата управа во Министерството за внатрешни работи. Во двата случаи, според СЈО, обвинетите злоупотребиле државни пари за набавка на опрема за лично богатење.