Советот за безбедност на ОН менува шест членки
![Советот за безбедност на ОН менува шест членки](https://gdb.rferl.org/EE204340-80C2-488A-A752-C849AA2175CB_w800_h450.jpg)
Советот за безбедност на ОН од денеска има шест нови непостојани членки. Пет се со двегодишен мандат, а една со едногодишен. Брегот на Слоновата коска, Екваторијална Гвинеја, Кувајт, Полска и Перу кои се избрани по регионален принцип, ќе бидат членки до крајот на 2019 година, додека Холандија ќе има мандат до крајот на 2018 година, бидејќи се договори со Италија да го поделат двегодишниот мандат кој им припаѓа на западните земји. Освен Италија, во Советот за безбедност од денска ќе бидат заменети и Египет, сенегал, Јапонија, Уругвај и Украина.
Советот за безбедност на ОН има 15 членки од кои пет постојани Франција, Велика Британија, САД, Кина и Русија, а десет се бираат на период од две години, но така што секоја година се заменуваат по пет членки.