Мы в Telegram
Добавить новость
103news.com
World News in Macedonian
Январь
2018

Новости за 07.01.2018

Мицкоски нема информации за преговорите за спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави немаат информации за тоа како се одвиваат преговорите за спорот за името со Грција, ниту за нивната содржина и суштина. „Заклучно со овој момент можам да го потврдам истото тоа што го потврди и најголемата опозициска партија кај нашиот јужен сосед, односно нејзиниот претседател Мицотакис, кој кажа дека и кај нив најголемата опозициска партија не е вклучена во разговорите за името“, рече тој. Мицкоски по утринската литургија во Соборниот... Читать дальше...

За иранската револуционерна гарда антивладините протести се поразени

SlobodnaEvropa.mk 

Исламската револуционерна гарда сопшти дека антивладините протести во Иран  кои според нив, биле предизвикани од странски поттикнувачи се „поразени“. Иранските револуционерни лица заедно со десетици илјади сили, полиција и министерството за разузнавање, како што наведуваат, го уништиле синџирот на немири создаден од САД, Британија, Израел, Саудиска Арабија, милитантите и монархистите. Соопштението на иранската револуционерна гарда беше објавено по затворената седница на Парламентот на која стана... Читать дальше...

Макрон им одаде почест на жртвите од Шарли Ебдо

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот претседател Емануел Макрон положи венец пред поранешното седиште на сатиричниот неделник Шарли Ебдо по повод одбележувањето на три години од нападот на исламските милитанти. Макрон беше придржуван од преживеаните новинари од списанието, како и членови на неговата влада и градоначалникот на Париз. Двајца француски исламисти, поддржувачи на Ал Каеда убија 11 луѓе во канцелариите на Шарли Ебдо на 7 јануари, 2015 година.



Повредени две лица во експлозија во Стокхолм

SlobodnaEvropa.mk 

Шведската полиција соопшти дека две лица биле повредени пред метро станица во Стокхолм од неидентификувана експлозивна направа која била детонирана откако некој наводно ја подигнал од земја за да ја разгледа. Според полицијата, повреден е 60 годишен маж и 45 годишна жена. Мажот се наоѓа во критична состојба. Властите посочија дека не веруваат оти експлозијата е поврзана со терористички напад.

Шилегов: Децата не се злоупотребени во религиозни и политички цели

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов изјави денеска дека со Бадниковата поворка не се извршила злоупотреба на деца во религиозни и политички цели. Според него, станува збор за иницијатива, која потекнувала од родителите, а градот со обезбедување превоз за децата само излегол во пресрет на нивните барања. Шилегов по божикната литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје запрашан дали со тоа не се нарушува секуларноста на државата тој посочи дека не може да стане збор за тоа, бидејќи тоа е граѓанска иницијатива.

Египетскиот претседател на божиќна служба при засилени безбедносни мерки

SlobodnaEvropa.mk 

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси присуствуваше на православната божиќна служба во новоизградена црква како акт на солидарност со Коптите, христијанската заедница во неговата земја. Сиси, кој е муслиман пред црквата во Каиро на насобраните верници им порача дека тие се негово семејство. „Ние сме едно и никој не може да не подели“, порача тој. Неговото појавување во црквата заедно со коптскиот папа Тавардос Втори доаѓа во услови кога десетици илјади војници и полицајци се распоредени пред... Читать дальше...

Над 20 лица повредени во земјотрес во Иран

SlobodnaEvropa.mk 

Во земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала во иранската покраина Керманшах се повредиле најмалку 21 лице, јавија медиуми. Епицентарот на земјотресот бил на 520 километри западно од Техеран. Во ноември, минатата година во земјотрес со јачина од 7,3 степени загинаа над 600 луѓе, а беа повредени околу 9000.

Осум мигранти се удавија на брегот кај Либија

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 8 мигранти загинаа, а дузина беа спасени откако бродот во кој се превезувале потонал во близина на брегот на Либија. Италијанската крајбрежна стража соопшти дека го забележала бродот кој бил преоптоварен со мигранти при што биле спасени 84 лица. Меѓународната организација за миграција соопшти дека во минатата година 3116 мигранти загинаа или исчезнаа додека се обидуваат да го преминат Средоземното море. Илјадници мигранти во исто време пристигнаа на бреговите на Италија и Грција.



Уапсени 11 принцови во Саудиска Арабија

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителството на Саудиска Арабија соопшти дека 11 принцови од кралското семејство биле уапсени додека протестирале против мерките за штедење во земјата. Јавниот обвинител Сауд ал Мојеб изјави дека тие се соочуваат со обвиненија за нарушување на јавниот ред и мир. Принцовите беа уапсени по собирот во едно историско место во Ријад во знак на протест против владината одлука со која се прекинува исплатата на сметките за струја и вода на членовите на кралското семејство. Според Мојеб, и покрај тоа... Читать дальше...

Од студеното време во САД погодени над 100 милиони луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Од студеното време кое го погоди источниот дел на САД се погодени повеќе од 100 милиони луѓе. Најнсика температура од -38 степени е измерена во сојузната држава Њу Хемпшир. Националната метеоролошка служба соопшти дека екстремните услови се предизвикани од голем арктички бран кој се поместил кон североисточниот дел на Соединетите Американски Држави од Канада и ги погодил повеќето држави кои се наоѓаат источно од реката Мисисипи. Температурите во Њујорк и Бостон достигнаа до -13 степени.

Малезија не се откажува од потрагата по исчезнатиот патнички авион

SlobodnaEvropa.mk 

Властите на Малезија одобрија да се направи нов обид за пронаоѓање на остатоците од патничкиот авион кој исчезна пред речиси 4 години на лет од Куала Лумпур до Пекинг. Според властите, за таа цел била ангажирана приватна компанија од Хјустон, Тексас и ќе и биде платено само доколку ги пронајде остатоците од авионот. 239 патници и членови на екипажот се превезуваа во авионот кој се загуби од радарите над Индискиот океан на 8 март, 2014 година и се претпоставува дека се урнал во море. Малезија, Кина... Читать дальше...

Трамп подготвен за разговор со Ким Јонг Ун

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е подготвен телефонски да разговара со лидерот на Северна Креја, Ким Јонг Ун. „Јас секогаш верувам во разговор“, им порача Трамп на новинарите за време на неговиот претстој во камп Дејвид како одговор на прашањето дали би зборувал со Јонг Ун кој го опишува како малиот човек ракета. Трамп истакна дека апсолутно би го направил тоа и дека не е проблем да разговара со лидерот на Северна Кореја, но посочи дека ќе има некои услови пред тоа да се случи. Читать дальше...

Исчезнати 32 лица по судир на танкер и брод во Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеското министерство за транспорт соопшти дека 32 лица, од кои повеќето се Иранци се водат за исчезнати по судирот на танкер за нафта со карго брод на источниот брег на Кина. Според министерството, исчезнати се 30 Иранци и две лица од Бангладеш додека сите членови на екипажот од Кина 21 на број биле спасени од оштетениот карго брод. Панамскиот танкер за нафта Санчи со кој раководи иранска компанија бил на пат за Јужна Кореја. Карго бродот пренесувал 64 тони на жито.

Иранскиот Парламент со седница за протестите во земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот Парламент одржа специјална седница на која стана збор за антивладините протести кои траат повеќе од една недела. На затворената седница која беше свикана од реформистичката фракција на законодавците се барале причините за протестите. Новински агенција јавија дека на седницата требало да присуствуваат и министерот за надворешни работи, шефот на разузнавачката служба и шефот на Советот за безбедност. На агендата било и барањето притворените демонстранти да имаат можност да добијат правна помош. Читать дальше...

Сончево време со мала до умерена облачност

SlobodnaEvropa.mk 

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер, по котлините со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од шест до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде слично, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе достигне до шест степени.



Москва

В Москве произошла драка с участием 15 человек, двое в больнице


Губернаторы России

103news.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.

Moscow.media
Москва

Сергей Собянин. Главное за день



103news.comмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "103 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. 103news.com — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

103news.com — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.

Музыкальные новости

Концерт

Концерт «Вселенная Миядзаки» - это настоящий праздник




Спорт в России и мире

Алексей Смирнов – актер, которого, надеюсь, еще не забыли

Бонгонда: стадион и база «Спартака» — мои любимые места в Москве

Клиенты СберСтрахования стали в 1,5 раза чаще приобретать страховки для бегунов

Сотрудница ОМОН "Оплот" приняла участие в костромском забеге «Галичское Заозерье»


ATP

Немец Зверев выбил россиянина Медведева из топ-4 ATP



Новости Крыма на Sevpoisk.ru


Москва

В Дубне 25 мая пройдет встреча администрации округа с населением округа



Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России