Борисов: со европеизација на Балканот да се спречи балканизација на Европа
Најсиромашната членка на Европската унија Бугарија вчера го презеде ротирачкото претседавање со Европската унија. „Бугарија го преземе претседавањето во клучен момент за ЕУ под паролата „Во единството е силата“, напиша на Фејсбук премиерот Бојко Борисов. Софија, своето познавање на регионот се очекува да го искористи за да помогне во дефинирање на европската стратегија за помош на земјите од поранешна Југославија и Албанија. Во мај годинава во Бугарија ќе биде одржан прв самит меѓу ЕУ и Балканот по 15 години. „Европеизацијата на Балканот е неопходна за да се спречи балканизацијата на Европа“, порача Борисов.