Ципрас изрази оптимизам за решавање на спорот за името
![Ципрас изрази оптимизам за решавање на спорот за името](https://gdb.rferl.org/36CF6C52-1751-4B88-8C72-586BE6B750BA_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Грчкиот премиер Алесис Ципрас изјави дека оптимист за прашањето за името, но дека очекува конкретни чекори од македонската страна. Тој рече дека е оптимист дека можат ефикасно и одговорно да управуваат со прашањето кое го наследиле од претходните влади се додека, како што вели, од другата страна постои желба да се направат чекори, изјави Ципрас за интервју за грчко радио, пренесува МИА.
„Останува да го видиме тоа, верувам дека може да се направат чекори кон излез од безизлезната ситуација“, рече Ципрас додавајќи дека и покрај оптимизмот потребни се дела и опипливи резултати, а не зборови.
Ципрас отфрли секаква можност за распишување предвремени избори оваа година, потенцирајќи дека Владата ќе го искористи четиригодишниот мандат, а граѓаните нова влада ќе одберат во 2019 година.