Трамп: Санкциите кон Северна Кореја почнуваат да делуваат
![Трамп: Санкциите кон Северна Кореја почнуваат да делуваат](https://gdb.rferl.org/CFFF13FE-E4EE-4348-8135-F7BF4076A669_w800_h450.jpg)
Санкциите кон Северна Кореја почнуваат да делуваат, оцени денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп на Твитер напиша:
„Санкциите и другите притисоци почнуваа да имаат големо влијание врз Северна Кореја. Човекот ракета сега за првпат сака да разговара со Јужна Кореја. Тоа можеби е добра вест, можеби не е, ќе видиме.“
Трамп за лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун ги искористи зборовите - човекот ракета - кои често ги користи за него.
Сеул денеска предложи на 9 јануари да се одржат разговори на високо ниво со Пјонгјанг, еден ден откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун најави дека неговата земја можно е да учествува на Зимските олимписки игри. Јужна Кореја е домаќин на игрите од 9 до 15 февруари.