Претседателот на „Самоопределување“ си поднесе оставка
![Претседателот на „Самоопределување“ си поднесе оставка](https://gdb.rferl.org/8786826D-3B6E-4F02-A203-9C37C8BFBC2A_w800_h450.jpg)
Претседателот на косовската партија „Самоопределување“, Висар Имери, поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој освен од функцијата претседател, се повлекува и од сите други функции во оваа партија.
Веста за повлекувањето тој ја соошти на средба со новинарите во седиштето на партијата, а беше најавена неодамна, со што излегоа на виделина недоразбрањата меѓу клучните луѓе во партијата.
„Самоопределување“ е трета по големина партија во Косово. На јунските избори, на кои настапи самостојно, освои 31 пратеничко место.