Денеска пресуда на пратениците на Самоопределување
Основниот суд во Приштина денеска треба да ја изрече пресудата во предметот против четворица пратеници на Самоопределување, обвинети за користење оружје и опасни средства, како и спречување на службени лица во вршење на должноста. Обвинети се пратениците Албин Курти, Доника Кадај Бујупи, Фатон Топали и Албулена Хаџиу. Тие се обвинети за активирање солзавец на седниците на Собранието на Косово кога на дневен ред беше демаркацијата на граничната линија со Црна Гора и спогодбата за формирање Заедница на српските општини.