Чавушоглу: Турција е против странско мешање во Иран
![Чавушоглу: Турција е против странско мешање во Иран](https://gdb.rferl.org/390C9083-AFA7-4655-81A3-F39D9483880D_cx0_cy7_cw0_w800_h450.jpg)
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ги критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп поради нивната поддршка на протестите во Иран. Чавушоглу на средба со новинарите во Анкара рече дека Турција е против странско мешање во внатрешните работи во Иран.
Тој истакна дека се сретнал со иранскиот колега Мохамед Џавад Зариф со кого разговарал за политичката состојба во Иран, за одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел и за курдското прашање. Зариф рекол дека состојбата во Иран не е толку драматична како што се претставува во медиумите.