Рига забрани влез на руски новинар во Латвија
Латвискиот министер за внатрешни работи Рихард Козловскис изјави дека властите во Рига му забраниле влез во земјата на неопределено време на рускиот новинар Анатолиј Курлаев. Козловскис денеска ја објави ваквата одлука да да ги објасни причините.
Козловскис рече дека Латвија во 2017 година имала црна листа од 100 луѓе за различни причини, вклучително „непријателско однесување“ кон Латвија и нејзиниот народ. Курлаев беше уапсен и депортиран од Латвија по пристигнувањето во Рига на 1 јануари.
Курлаев подоцна за руските медиуми изјави дека латвиските власти му покажале документ потпишан од министерот за внатрешни работи во кој била наведено дека му бил забранет влез во земјата од 2015 година.