Британските болници преоптоварени, се одложуваат операции
Големиот прилив на пациенти ги преоптовари болниците во Велика Британија во изминатиот пердиод, поради што многу случаи кои не се итни со недели ќе бидат на листата на чекање, информираат британски претставници. Државната здравствена служба на Англија(НХСЕ) им наложи на болниците да одложат одредени процедури за да се ослободи персонал и кревети за итните случаи.
Ограничувањата ќе траат најмалку до крајот на јануари, а се предвидува дека ќе влијаат на одложување на околу 50 илјади операции. Британскиот министер за здравство Џереми Хант денеска се извини поради проблемите. Директорот на НХСЕ, Брус Киог, рече дека притисокот врз болниците можеби ќе биде поголем поради „раните знаци“ за ширење на грипот.