Граѓани бараат на извршителите „да им се врзат рацете“
![Граѓани бараат на извршителите „да им се врзат рацете“](https://gdb.rferl.org/F7B34745-1D54-4898-90F3-68B7CB8518B5_cx0_cy13_cw0_w800_h450.jpg)
Граѓанската иницијатива „Стоп извршител“ веќе некое време собира потписи од граѓаните со цел да се измени Законот за извршители и да се направи ревизија на нивната работа. Извршителите, пак, сметаат дека ова е хајка против нивната професија и велат дека никој не смее да биде над законот.