Малезија не се откажува од потрагата по исчезнатиот патнички авион
Властите на Малезија одобрија да се направи нов обид за пронаоѓање на остатоците од патничкиот авион кој исчезна пред речиси 4 години на лет од Куала Лумпур до Пекинг.
Според властите, за таа цел била ангажирана приватна компанија од Хјустон, Тексас и ќе и биде платено само доколку ги пронајде остатоците од авионот. 239 патници и членови на екипажот се превезуваа во авионот кој се загуби од радарите над Индискиот океан на 8 март, 2014 година и се претпоставува дека се урнал во море. Малезија, Кина и Австралија се откажаа од потрагата на авионот во јануари, минатата година.