Египетскиот претседател на божиќна служба при засилени безбедносни мерки
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси присуствуваше на православната божиќна служба во новоизградена црква како акт на солидарност со Коптите, христијанската заедница во неговата земја. Сиси, кој е муслиман пред црквата во Каиро на насобраните верници им порача дека тие се негово семејство. „Ние сме едно и никој не може да не подели“, порача тој.
Неговото појавување во црквата заедно со коптскиот папа Тавардос Втори доаѓа во услови кога десетици илјади војници и полицајци се распоредени пред другите цркви во Египет со цел да се спречат евентуални напади од исламските милитанти. Во изминатите две години милитантите спроведоа серија бомбашки напади чија цел беа христијани и во кои загинаа повеќе од 100 луѓе.