Над 20 лица повредени во земјотрес во Иран
![Над 20 лица повредени во земјотрес во Иран](https://gdb.rferl.org/22306DDC-9C5F-4644-A00B-2E01071F3711_w800_h450.jpg)
Во земјотрес со јачина од 5,1 степен според Рихтеровата скала во иранската покраина Керманшах се повредиле најмалку 21 лице, јавија медиуми. Епицентарот на земјотресот бил на 520 километри западно од Техеран. Во ноември, минатата година во земјотрес со јачина од 7,3 степени загинаа над 600 луѓе, а беа повредени околу 9000.