Македонско - грчки преговори за името на 17 - ти јануари во Њујорк
Првата рунда преговори за името меѓу Македонија и Грција годинава е закажана за 17 ти јануари во Њујорк и ќе се одвива на ниво на преговарачите на двете земји, дознава РСЕ од извори на Министерството за надворешни работи.
Како што е познато, Македонија и Грција побараа од медијаторот на Обединетите Нации Метју Нимиц да ги интензивира напорите со што би дошло со решение на спорот за името. По средбите во Брисел на 12 декември меѓу Нимиц и преговарачите на Македонија и на Грција, медијаторот рече дека ќе има средби во јануари, февруари, март. Според Нимиц, прашањето за името би можело да биде решено оваа година.