„Убиствена“ офанзива на Македонската филхармонија
![„Убиствена“ офанзива на Македонската филхармонија](https://gdb.rferl.org/6E429CED-D006-406D-B998-A02A586BB8EC_cx0_cy8_cw0_w800_h450.jpg)
Македонската филхармонија новата сезона ќе ја започне на 18 јануари со концертот „Лауреати“, на кој како солист ќе настапи Даниел Харитонов - руското „чудо од дете“ и младиот виртуоз на пијано. Но, неговиот перформанс е само камче во мозаикот со кој оваа наша институција и натаму ќе ја разгалува публиката и ќе ја подгрева атмосферата „за карта повеќе“.