СДСМ предложи намалување на патните трошоци на пратениците
Пратеничката група на СДСМ денеска предложи измени на два закона со цел намалување на патните трошоци на пратениците и други избрани и именувани функционери за користење на сопствено возило во службени цели и за отстранување на сите можности за евентуални злоупотреби.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев изјави дека за таа цел е подготвена Предлог-одлука со која поконкокретно се регулира исплатата на надоместокот на патни трошоци, во која се предлага висината на надометокот да се намали од 30 на 15 проценти.
Во однос на отстранувањето на можностите за злоупотреби при исплатата на патните трошоци, пратениците од СДСМ предлагаат наплатата да се врши само врз основа на фискални сметки за платена патарина кои се платени со кредитна или дебитна картичка во сопственост на пратеникот.