Нема надеж за преживеани на иранскиот танкер
Потонал иранскиот танкер за нафта, кој се запали по судирот со кинески товарен брод во Источното кинеско Море, пред повеќе од една недела. Кинеската државна телевизија објави дека бродот потонал набрзо откако се запалил уште еден дел од товарот некаде околу полноќ, по локално време на 14 јануари.
Во меѓувреме, иранските власти велат дека „нема надеж за наоѓање на преживеани меѓу членовите на екипажот“.
На бродот имало екипаж од 30 Иранци и двајца луѓе од Бангладеш. Досега е пронајдено телото на само еден член на екипажот. Од иранскиот тим за спасување соопштија дека денеска дветретини од бродот се под вода.