Слаб одѕив на протестот против загадувањето
![Слаб одѕив на протестот против загадувањето](https://gdb.rferl.org/FA905B58-04FA-40E3-93B7-3C90F34C802F_w800_h450.jpg)
Неколкумина луѓе се одѕваа на повиците на социјалните мрежи за масовен протест против загадувањето на воздухот. Пред зградата на Владата протестираа триесетина луѓе против загадувањето. Демонстранти носеа транспаренти „ Вие и вашите деца дишете друг воздух?! “ , „Сакам да дишам“, „Чист воздух – здрави деца“.
Воздухот во Скопје и во неколку други градови речиси секојдневно е загаден над дозволеното. Во главниот град беа активирани и мерки за ублажување на последиците од аерозагадувањето.
Наодите од Епидемиолошките студии кои беа направени во Македонија покажаа дека годишно се губат околу 1.300 животи од аерозагадувањето, а три групи на болести се поврзуваат со аерозагадувањето и тоа ракот на белите дробови, мозочните удари и болестите на срцето.