„Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција
![„Стандард енд Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција](https://gdb.rferl.org/5522B271-33FE-4185-B869-E2291BB6B54B_cx0_cy12_cw0_w800_h450.jpg)
Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард енд Пурс“ ја зголеми оценката за Грција од „Б-“ на „Б“земајќи го предвид подобрувањето на економската состојба на земјата по неколкугодишната криза.
„Веруваме дека буџетските перспективи и изгледите за раст на Грција се подобрени, а во исто време има заживување на пазарот на трудот и период на релативна политичка стабилност“, соопшти агенцијата.
Новата проценка е со позитивна перспектива што значи дека е можно таа повторно да се зголеми.