„Моцартовите перипетии“ на обоистката Ромиќ и Македонска филхармонија
![„Моцартовите перипетии“ на обоистката Ромиќ и Македонска филхармонија](https://gdb.rferl.org/553E8C10-1237-4E97-8A77-53E36B3371D4_w800_h450.jpg)
„Моцартовите перипетии“ е насловен симфонискиот концерт што овој четврток, на 25 јануари во 20 часот, ќе го одржи Македонската филхармонија. Со оркестарот ќе диригира маестро Михал Нестерович од Полска, а солист во изведбата на Концертот за обоа и оркестар во C-dur ќе биде атрактивната српска уметница и прва обоа во Белградската филхармонија – Сања Ромиќ.