Протест пред Собрание против Законот за јазиците
![Протест пред Собрание против Законот за јазиците](https://gdb.rferl.org/15B8AE60-761C-4B44-BBCB-6D412AB59819_w800_h450.jpg)
Денеска пред Собранието на Република Македонија се одржа протест против, како што велат организаторите, антиуставниот и дискриминаторски закон за двојазичност, но и други политики на актуелната власт. Присутните порачаа дека не биле против Албанците, туку биле излезени за Македонија.
Организатори на протестот се неколку т.н. патриотски здруженија од каде што велат дека ова бил сенароден предупредувачки протест, поради забрзано реализирање на антимакедонски политики во соработка со други големи центри на моќ.
Ана Бубинкова Михајловска, претседател на здружението на граѓани „Преродба“, кои се едни од организаторите на протестот, рече дека власта го злоупотребувала дадениот легитимитет и го користела правото на гласачот да одлучуваат, како што вели, против сопствениот народ и држава.
“Во тек е потпишување и на петиција, со која бараме пред се да престанат сите овие преговарања, договарања на шетата на македонскиот народ и македонската држава и дека сите досегашни такви нелегитимни одлуки, закони, акти, договори и се што се носи од актуелната, нелегитимна власт, не ги признаваме и ги прогласуваме за невалидни“ рече Бубинкова Михајловска.
Организаторите на социјалните мрежи најавуваат и нов протест пред Собранието за в понеделник во 10 часот.