САД и Полска против гасоводот кој ги поврзува Русија и Германија
САД и Полска заземаа заеднички став против планираниот гасовод кој треба да ги поврзува Русија и Германија, наведувајќи дека тоа ја политизира енергијата и ги поткопува напорите да се направи Европа помалку зависна од руските ресурси.Гасоводот познат како Северен поток 2, ја заобиколува Полска и ќе ја направи централна Европа чувствителна на руски притисок.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон зборувајќи вчера во Варшава, по средбата со полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович рече дека гасоводот не е “здрав дел од инфраструктурата” за европската енергетска стабилност. Како и Полска и САД се против изградбата на Северен поток 2, рече Тилерсон на заедничката прес конференција со Чапутович.
Гасоводот би бил втор што носи гас директно до Германија и западна Европа преку Балтичкото море заобиколувајќи ги Полска и Украина.