Трамп:Има можност САД да се вратат на климатскиот договор
![Трамп:Има можност САД да се вратат на климатскиот договор](https://gdb.rferl.org/06677B4F-7A23-46A7-B449-2A142287F774_w800_h450.jpg)
Американскиот претседател Доналд Трамп би бил спремен да го потпише Договорот од Париз за климата, но само ако во документот се внесат значајни измени. Во интервјуто кое во целост ќе го емитува британската телевизија ИТВ Трамп одговорил со “да,ако биде постигнат добар договор, секогаш постојат шанси дека САД ќе се вратат”.
Трамп ги повторил претходно изнесените тврдења дека спогодбата е ужасна и неправедна за САД, се наведува во извадоците од интервјуто.
Американскиот претседател на први јуни 2017 година рече дека САД се повлекуваат од договорот и се откажуваат од примена на неговите одредби, нарекувајќи го лош за економијата на земјата.