Растат тензиите меѓу Грција и Турција
Турската крајбрежна стража го блокираше грчкиот министер за одбрана Панос Каменос да стигне до островот Кардак. Ова го соопшти турското Министерство за внатрешни работи додека тензиите меѓу двата соседа ескалираа во последниве недели.