Мајка и син загинаа во пожар во Битола
Мајка на возраст од 50 години и нејзиниот 17-годишен син загинаа во пожар кој се случил рано изутрината во семејната куќа во Битола. Според првичните сознанија на битолските пожарникари, причината за пожарот е старата електрична инсталација во куќата.
Екипи на основното јавно обвинителство, МВР-Битола и Противпожарната служба се на терен и вршат увид на местото на настанот, а исто така е издадена наредба за обдукција на пронајдените тела. Пожарот бил пријавен во 4 часот и 5 минути.