Помпео: очекувам Русија да се меша и во изборите за Конгресот
![Помпео: очекувам Русија да се меша и во изборите за Конгресот](https://gdb.rferl.org/70A93B69-D7E4-476E-B233-FB636631F7CC_w800_h450.jpg)
„Москва веројатно ќе се обиде да влијае врз изборите за американскиот Конгрес на половината од претседателскиот мандат на Доналд Трамп во ноември 2018 година“. Ова го изјави директорот на ЦИА Мајк Помпео во интервју за Би Би Си, додавајќи дека не забележал значително намалување на руските активности. Помпео сепак изрази уверување дека САД ќе успеат да одржат фер и слободни избори. Американските разузнавачки служби дојдоа да заклучок дека Русија се мешала во претседателските избори во 2016 година. Русија ги отфрла ваквите наводи.