Судење за предметот на СЈО „Топлик“
Судење за предметот на СЈО „Топлик“ треба да се одржи денеска во Кривичниот суд, во кој осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопската населба Сопиште.
Предметот му е доделен на судијата Осман Шабани, а според обвинението првоосомничениот Јанакиески како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на комплексот Сончев град, иако фирмата не ги исполнувала условите.
Денеска во Судот требаше да се одржи и ново рочиште за случајот на СЈО „Труст“, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, но е одложено поради боледување на судијката Лидија Зимбовска.