Запленети 300 килограми марихуана на граничниот премин „Богородица“
![Запленети 300 килограми марихуана на граничниот премин „Богородица“](https://gdb.rferl.org/4BCD78DE-5F71-47ED-BF8E-E49F8A56C3D8_w800_h450.jpg)
Во акција на царинските служби на граничниот премин „Богородица“ запленети се 300 килограми марихуана со пазарна вредност од 800 илјади евра наменета за земјите во Западна Европа, информираше на прес-конференција директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.
Тој посочи дека на 28 јануари осомничениот 36-годишен грчки државјанин управувал камион со грчки регистарски таблички, при влез пријавил за царинење дел од стоката натоварена во Атина и ориз од Камбоџа, а цариниците при претрес ја откриле марихуаната.
Осомничениот е лишен од слобода, а Царинската управа поднела кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.